Инфективната под карантин – двајца починати, а тројца заразени

Инфективната клиника во Скопје од утрово е под каранти, откако починале двајца пациенти од високо заразно заболување.
Порталот СДК објави дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, а болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.

Лекарите се сомневаат дека целото село е заразено и очекуваат нови пациенти. Според едни извори станува збор за западно нилска треска, односно од вирус кој што го пренесува тигрестиот комарец. Други пак велат дека станува збор за туларемија, болест што ја пренесуваат глувци, глодари, змии и лисици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.