четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 76

„Инфмакс“: СЈО е легло на непотизмот и партиска испостава на СДСМ

Последно во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, кој пак се подготвува да биде дел од изборните листи за пратеници на СДСМ.

branko_tungevi-640x320

Последни вести

Во СЈО најверојатно секој има право да си ја вработи пошироката фамилија, па откако Катица Јанева си го вработи внукот, сватовите и останати членови на пошироката фамилија, ова право го искористува и Лиле Стефанова која си го вработила кумашинчето, пишува Инфомакс.

Последно во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, кој пак се подготвува да биде дел од изборните листи за пратеници на СДСМ. Вујкото на кумашинчето на Стефанова пак е член на ДИК од Радовиш кој ги застапува интересите на СДСМ, додека пак неговата сопруга е обвинител од Велес, пишува порталот.

Како што можете да видите на снимката, Тунџеви се стари социјалдемократи, па дури и го гоштеваа Бранко Црвенковски, Јани Макрадули и Андреј Петров.

Освен овие, Катица Јанева претходно си го вработи внукот, сватовите, поблиската и пошироката фамилија како и добар дел од отпадоците на СДСМ, пишува Инфомакс.

Најчитани вести