Инфо-средба за самовработување на младите во општина Аеродром

Во просториите на Општина Аеродром вчера се одржа Инфо-средба на млади лица на која беа презентирани мерките за самовработување на младите лица, а беа промовирани и добри практики на самовработување.

На средбата на младите лица учествуваа околу 50 млади луѓе од Општина Аеродром, кои ги споделија своите искуства од користењето на програмата за самовработување, како и подготовка за успешно вработување и инвестирање во практична работа.

Инфо-средбата ја организира Општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.