Инфо здравје со препораки за откривање и лекување на хламидија

Министерството за здравје денес на својата официјална фејсбук страница објави соопштение со препораки за навремено откривање и лекување на хламидија. Според податоците од Институтот за јавно здравје, изминатите неколку години се регистрирани по 600 случаи, за разлика од претходно кога таа бројка изнесувала околу 60.

Хламидијата е честа сексуално пренослива болест која ја предизвикува бактеријата Chlamydia trachomatis. Инфекцијата се пренесува по пат на незаштитен секс и се јавува и кај мажи и кај жени. Во светски рамки, оваа болест ја има 1 од 15 сексуално активни лица.

Понекогаш, инфекцијата поминува без посериозни симптоми, но некогаш таа е проследена со болки во долниот дел од телото, грбот и покачена температура.

Кај жените, хламидијата може да предизвика проблеми во грлото на матката, па доколку не се третира навремено, може да предизвика посилен вагинален исцедок, а во ретки случаи и неплодност.

Затоа, раната детекција на болеста и нејзиното  третирање е од особено значење, советуваат од Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.