„Инфомакс“: Шекеринска во 2008-ма му го донесе најкатастрофалниот пораз на СДСМ на избори, во 2016-та најлошиот договор за СДСМ- Сорос

Вчерашниот договор е поразителен за опозицијата, бидејќи сите претходни барања кои опозицијата ги постави како услов за одржување на предвремени парламентарни избори паднаа во вода, а за тоа најголем виновник е преговарачот – Радмила Шекеринска, која слободно можеме да ја наречеме и „гробар на опозицијата“, пишува порталот Инфомакс.

Порталот пишува дека Шекеринска го остави соросовите НВО со празни раце, а СДСМ во полоша позиција од пред 24-ти април кога првпат избега од избори.

Многу бараа, малку добија. Вака може да се оквалификуваат барањата на СДСМ за време на преговорите на работните групи. За бегањето од изборите и соочувањето со народот плати висока цена, а крајната сметка ќе биде испорачана на изборите, кога и да се одржат. Ако се направи анализа на она што СДСМ го имаше пред 24 април кога прв пат побегна од изборите, се гледа дека работите на одат во корист на Зоран Заев и СДСМ.

Од моментот кога застана на чело на СДСМ, опозициската партија е во константен слободен пад, а сега засилен и од нејзиниот двојник Зоран Заев. Во 2008 година Шекеринска го донесе најголемиот пораз на СДСМ, најкатастрофалниот дотогаш. Осум години подоцна, Шекеринска е повторно на кормилото на бродот кој постојано пропаѓа.

Последниот потег на Шекеринска на преговорите, резултираше и со поразителниот договор кој СДСМ го доби во оваа рунда преговори. Имено, од оспоруваните 500.000 гласачи кои СДСМ безобразно ги нарече „фантоми“ на крајот мораа да признаат, па како утешителна солуција (за да не испаднат комплетни лажговци и манипулатори) договорот беше сведен дека по втор пат би требало да се проверат 39.000 гласачи, пишува Инфомакс.

Најголемиот пораз во преговорите СДСМ го доживеа во барањето неговиот министер за внатрешни работи во преодната влада да има неограничени можности за кадровски смени. Наместо тоа, новиот технички министер за внатрешни работи ќе има право да направи само 15 наспроти близу 400 колку што направи поранешниот, а веројатно и идниот министер Оливер Спасовски.

Покрај тоа, Оливер Спасовски во владата што требаше да ги организира изборите влезе уште во октомври 2015 година, односно шест месеци пред тие да се одржат, додека сега министерот на СДСМ ќе седне во фотелја сто дена пред изборите.

Во однос на медиумите, СДСМ доживеа целосен дебакл. Пропадна неговата идеја за цензура, а договорени се нова комисија и дупло пониски казни за медиумите. СДСМ бараше да спроведе цензура во медиумскиот простор и како санкција предвидуваше плаќање парични казни со огромни суми.

Во однос на медиумите, Законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе биде имплементиран по 15 дена од датумот на денешниот договор. Ќе биде формирано ад-хок тело за мониторирање на медиумското известување, согласно Изборниот законик. Ова тело ќе функционира до завршување на изборниот процес, а ќе биде формирано по 30 дена од датумот на овој договор.

Ова тело ќе биде составено од 5 члена, во консултации со релевантните професионални организации, четирите политички партии ќе одберат четири члена, од кои едниот ќе биде Албанец, а избраните четворица ќе имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член. Телото ќе врши процена на балансираното известување.

Преговарачкиот тим на Шекеринска успеа да ја загуби и позицијата на СДСМ од претходно, а тоа е техничката влада. Сега, нема да има техничка, експертска или било каква друга форма на Влада без мандат кој претходно го добила од граѓаните. Договорот од Пржино ќе престане да важи два дена по завршувањето на изборите.

Како што дознаваме од лица вклучени во преговорите, единствено на што Шекеринска била вистински фокусирана е како побрзо да се стави крај на разговорите, да се распуштат, за таа конечно да „можела да се одмори“. Желбата за бегство од Скопските горештини некаде на грчките плажи во нејзината луксузна јахта, повторно беше пресудниот фактор, и последниот тег на вагата на приоритети за Шеќеринска. Нејзиното уживање или доброто на граѓаните. Таа го одбра она првото, и ја закопа СДСМ, пишува Инфомакс.