Инфомакс: Владата на Заев продолжува со злоупотреба на државниот имот во партиски цели, меѓународната молчи

Продолжува злоупотребата на материјалните средства на МВР во служба на партиски активности на СДС, овој пат на митингот во Македонски Брод кој што се одржува вечерва, пишува порталот Инфомакс.

Иако досега во неколку наврати медиумите предупредуваа и објавуваа докази за злоупотребата на државните средства во служба на партијата на власт, меѓународните но и домашните организации задолжени за следење на изборите останаа глуви и одлучија да не се огласат на ваквите злоупотреби на материјалните добра на народот, пишува порталот.

Според Инфомакс, Дополнително, денес ОБСЕ/ОДИХР го објавија и прелиминарниот извештај во кој се гледа субјективност и политичка мотивираност, имајќи во предвид дека тие не успеале да вметнат ниту едно прекршување на изборниот закон за време на досегашната кампања, иако постојат десетици случаи кои беа со докази презентирани во медиумите.

-Вечерва, на митингот на СДС во Македонски Брод може да се забележат службени автомобили на МВР и Владата на Р.Македонија со кои се пристигнати функционерите на СДС, а претходно истата слика можеше да се види и во градовите каде СДС одржуваше митинзи. Во Битола, Заев пристигна со скапиот „Мерцедес“, а Прилеп пак беше „окупиран“ од службени возила на МВР со кои пристигнуваа членовите на владата на Заев, пишува Инфомакс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.