„Инфомакс“: За кого навиваше раководството на СДСМ – „RESPECT KOSOVA!!!“

Новиот член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед (Муки) Зекири, кој од „независен“ новинар стана високо профилиран политичар на СДСМ вечерва целата своја поддршка на натпреварот Македонија – Албанија кој заврши со резултат 1-1 откако беше прекинат поради големото невреме, ја давал на Албанската репрезентација, објави синоќа порталот Инфомакс.

Покрај за Албанија, Зекири на својот ФБ профил не пропушти да изрази поддршка и за репрезентацијата на Косово, која против Финска го одигра својот прв официјален меч.

zekiri-kjosova

-RESPECT KOSOVA!!!- напиша членот на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ.