„Инфомакс“: Заев и Селмани во кафана прават планови за радикализација и федерализација

Ресторанот „Пеликатник“ во Струмица се прослави по честите средби и ручеци кои на сметки на грчки бизнисмени ги правеа обвинителите од СЈО на чело со Фатиме Фетаи и братот на Зоран Заев, Вице Заев. Денес, во истиот ресторан на ручек се Зоран Заев и Имер Селмани и нивните соработници, пишува ИНФОМАКС.

-Велики Петок, ден кој во православието се смета за најтажниот ден од годината за секој православен верник најчесто се одбележува во домашна атмосфера, во мир. Но Зоран Заев не познава ни вера ни религија, ни принципи ни патриотизам, па реши денешниот ден да го потроши на ручек со Имер Селмани во ресторанот „Пеликатник“ во Струмица, каде според информациите што ги добивме атмосферата била многу весела, а гостите многу радосни. Според она што присутните можат да ни го пренесат е дека на масата се зборувало за идејата за федерализација на државата, преку радикализирање на насилните протести, поточно радикализирање на албанскиот фактор во државата кои би му дале поддршка на Заев на протестите кои ги организира СДСМ и соросоидините ботови. Впрочем, во изминатиот период СДСМ континуирано е поддржан од БЕСА здружение кое важи за движење на радикалниот ислам и продолжена рака на Муслиманско братство во Македонија, но и од поддржувачи на Хамас и Ал Акса, пишува ИНФОМАКС.