Информативен ден за европските образовни програми

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска организира прв информативен ден од новиот циклус предавања од програмата „Еразмус плус“.

На инфоденот ќе биде претставена програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ „Еуропас“ и „Евридика“.

Во рамки на инфоденот ќе бидат соопштени детали од досегашни успешно спроведени проекти.