петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 59

Информативни канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ во општините

stavreski-ebrd

Поврзани вести

На денешната средба посветена на проектот „ Купи куќа за млади “, министерот за финансии, Зоран Ставрески подвлече дека ова е одличен проект, кој кај граѓаните пробудил особен интерес.

Проектот е извонредно добро дизајниран, бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на средства за добивање на кредит.

-Дизајниран е на база на контакти со младите луѓе и од тој аспект нема сомнеж дека одговара на нивните потреби, подвлече Ставрески.

Инаку во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите  и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години“. Но и организиран е караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.

-За да не се остане само на караванот и на едно дневно присуство во градовите, разговаравме со директорот на УИПР и УЈП  за во сите градови каде што има подрачни единици на УИПР и УЈП да се отвори постојана канцеларија, каде што вработени од институциите ќе им даваат информации на граѓаните, подвлече Ставрески.

Најчитани вести