Информирајте се за проектот „Купи куќа за млади“ во канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Сите заинтересирани за проектот „Купи куќа за млади“ од денес ќе можат да се информираат во Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии.

Луѓето од проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе им стојат на располагање на граѓаните секој работен ден до 15 часот да им објаснат која е постапката за аплицирање и кои се условите кои апликантите треба да ги исполнат.

zashtedi-pari-kukja-2

„Купи куќа за млади“ е проект кој чекор напред од„Купи куќа, купи стан“ , се однесува на млади до 35 години и нуди дополнителни поволности. „Купи куќа за млади“ дава неповратни средства за купување, изградба или надргадба на куќа во висина од 80 отсто од месечната рата за кредитот во тек на 8 години и 50 отсто од ратата плус уште три години, или пак обезбедува 25 отсто од учеството за кредитот.