Инфраструктурните проекти претставени пред потенцијалните инвеститори од Италија

Капитални и важни проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката денеска беа презентирани пред голем број потенцијални инвеститори од Италија, во рамки на Италијанско- македонскиот бизнис форум, кој што е во организација на Италијанската амбаса во земјава.

„Како сегменти кои што се презентираат е гасификацијата во скопскиот регион повикот е се’ уште во тек, сите заинтересирани компании до 26-ти мај да достават понуди. Се работи за изградба на дистрибутивна мрежа за 17 општини во Македонија, односно станува збор за инвестиција од околу 100 милиони евра…Во овој период целокупниот тизер го доставивме до сите амбасади на Македонија во светот, и до економските промотори, а има добар интерес, но ќе ги користиме и овие бизнис форуми за презентација на овој проект“, истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во своето обраќање пред присутните ја нагласи одличната соработка пред се’ со италијанскиот град Торино.

„Би сакал да ја истакнам одличната соработка со Амбасадата на Република Италија во Република Македонија, како и долгогодишната соработка меѓу Град Скопје и Град Торино, во повеќе области, тргнувајќи од градежништвото, сообраќајот, животната средина, културата и образованието, па се до урбанизмот и просторното планирање, во која област учиме и црпиме многу идеи од нашите пријатели од Италија. Како што можеби веќе знаете Градот Скопје има 10 општини на чие чело стојат десет градоначалници, но нивната добра меѓусебна соработка, не остава впечаток на таканаречена двостепена поставеност на локалната власт, туку напротив остава простор за нови инвестиции во Скопје, чија реализација би била многу лесна. Град Скопје како град со одлична местоположба нуди навистина многу можности за инвестициски планови, ова е град што се развива и инфраструктурно, но и географски и којшто има потенцијал  да стане вистинска метропола, токму затоа би сакал да ја искористам можноста и да им порачам на сите заинтересирани компании, нивна следна инвестициска дестинација да биде токму нашиот град, Скопје“, истакна градоначалникот Трајановски.

Трајановски ги презентираше проектите на Град Скопје, меѓу кои се изградба на подземна железница, трамвајски сообраќај во земјава, пречистителна станица, како и изградбата на нов луна парк. Тој уште еднаш ги потенцираше одлични услови за инвестирање во градот кој што, како што нагласи, е во срцето на Балканот.

Според италијанскиот амбасадор во земјава, Ернесто Масимо Белели, Италија и Македонија се многу блиски, а изградбата на Коридорот 8 ќе придонесе за зајакнување на економските врски меѓу двете земји, а како можност за тоа ќе се искористат ваквите форуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.