Инглиш, пријателот на Џефри: Му се тресеа рацете, но не сакаше да оди на лекар

Koлин Џефри, британски бизнисмен, кој пред неколку години беше прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија е Британецот кој почина во Скопје со симтоми од ебола, ексклузивно дознава Телеграф.мк.

Ова го потврдува и Мајкл Инглиш, пријателот на Џефри, кој во моментов е во карантин во хотелот „Супер 8“ во Мавровка.

За Телеграф.мк Инглиш раскажува дека со Џефри заедно дошле во Македонија со намера да најдат инвеститори за проект за рибник во близина на Охрид. Биле долгогодишни пријатели.

2

Два дена се жалеше дека не му е добро

-Два дена не се чувствуваше добро. Имаше температура, но не сакаше да оди на лекар. Утрото кажа дека му е подобро. Се договоривме да се чекаме долу во хотелот во 12 часот. Се јави и кажа дека не се чуствува добро, му се тресеа рацете. Беше целиот збунет. Од хотелот викнаа амбулантна кола – раскажува Инглиш за Телеграф.мк.

Вели дека Џефри живее во Кембриџ, има сопруга и три деца. Семејството е информирано за несреќниот случај. Инглиш вели дека е „лудо“ да се помисли дека бил болен од ебола бидејќи во Африка бил пред шест години. Но, како што вели, не е точно дека неговиот пријател бил алкохоличар.

-Пиеше алкохол, но не повеќе од другите – вели тој.

За Џефри вели дека работел како советник на македонската Влада.

-Двајцата работевме во Џонсон Мети. Џефри се пензионираше пред некоја година – објаснува Инглиш за Телеграф.мк.

1

Не ги прегледал лекар 

Инглиш раскажува дека во карантин во хотелот се вкупно 27 луѓе. Има Британци, Холанѓани, Албанци, Германци, Турци… Како што објаснува британскиот бизнисмен, досега лекар не ги прегледал.

Утрово гостите се сретнале за време на појадокот.

Им кажале дека е можно да останат заробени уште два дена, додека не се објават резултатите од испитувањата кои треба да покажат дали се работи за ебола.

– Фрустрирани сме. Не смееме да си заминеме! Требаше утрово да патувам за Велика Британија, спакуван бев – вели Инглиш во телефонскиот разговор. Објаснува дека нема паника кај гостите.

– Постојано сме сите на компјутер, контактираме со семејствата и со пријателите. Имаме голема поддршка од британската амбасада. Македонија е земја-пријател – вели Британецот.

За Џефри вели дека работел како советник на македонската Влада.

– Двајцата работевме во „Џонсон Мети“. Џефри се пензионира пред некоја година – објаснува Инглиш за Телеграф.мк.

Пораката на британскиот бизнисмен кој е во карантин гласи: „Сакаме да излеземе побрзо и да бидеме информирани што се случува“.