ИНИЦИЈАТИВА: Мајки бараат 18 месеци породилно во Македонија

Група мајки кои на Facebook се организирани во групата „450 дена породилно“ поднеле иницијатива за продолжување на платеното породилно отсуство. Наместо досегашните 9 месеци, тие бараат двојно повеќе односно 18 месеци отсуство за новите мајки.

Потписите се собираат во сите општини воп подрачните единици на ДИК секој ден од 8:30 до 16:30. Собирањето потписи започна вчера а треба да заврши на 19-ти овој месец. Во оваа фаза потребно е да се соберат само 100 потписи за предлогот да се испрати до претседателот на Собранието . Тој може да побара мислење од Уставниот Суд. Потоа се известува ДИК и започнува процедура за собирање 10.000 потписи за Собранието задолжително да расправа по предлогот.

Полесен пат е иницијативата да добие поддршка од група пратеници кои би ја предложиле за расправа