четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Иницијатива од ДУИ за повлекување на одлуката за распуштање на Парламентот

Пратеничката група на ДУИ покрена иницијатива во врска со одлуката за распуштање на Парламентот.

dui-inicijativa

Поврзани вести

Пратеничката група на ДУИ покрена иницијатива во врска со одлуката за распуштање на Парламентот.

Иницијативата која досега е потпишана од 26 пратеници од ДУИ и ДПА вклучувајќи ги и лидерите на овие партии Али Ахмети и Мендух Тачи е проследена со барање за итна седница на Собранието.

Се очекува, според најавите од ДУИ, на документот да се потпишат и други пратеници. Иницијативата официјално ќе биде доставена до Парламентот доколку политичките партии за време на денешните разговори постигнат договор во врска со одложување на распуштањето на Собранието и евентуално нов датум за избори.

Според инфиормациите од ДУИ, иницијативата содржи неколку можни опции, односно решенија во врска со одлуката за распуштање на Парламентот. Од партијата на средбата со новинарите не сакаа да откријат за какви опции станува збор посочувајќи дека во тек се разговори главно меѓу трите политички партии – ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од таму наведуваат дека разговори имало и денеска претпладне, во текот на целата измината ноќ и вчера.

Од пратеничката група на ДУИ велат дека иницијативата ќе биде во согласност со препораките на меѓународната заедница од пред два дена.

Во врска со разговорите со другите политички партии наведуваат дека има некои приближувања на ставовите, но оти сепак, исходот ќе биде познат до крајот на денот. Оптимисти се дека ќе биде постигнато решение, но потенцираат дека е потребно повеќе да се мисли на државата отколку на партиските интереси.

За да се изгласа иницијативата за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието потребни се 62 гласа.

Дел од медиумите веќе пишуваа дека пратениците од СДСМ нема да се потпишат на иницијативата доколку во неа биде прецизиран било кој датум за избори.

Најчитани вести