Иницијатива за признавање на возачките меѓу Македонија и Словенија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков на маргините од 83 -то Генерално собрание на Интерпол што се одржува во Монако, се сретнаа со министерката за внатрешни работи на Република Словенија, Весна Гјоркос Жнидар.

На средбата министрите Јанкулоска и Жнидар констатирајќи дека меѓу двете земји нема отворени прашања, досегашната меѓуполициска соработка ја оцениле како исклучително успешна, како на билатерален план така и во рамки на повеќето регионални и европски иницијативи и проекти во кои што заеднички партиципираат двете земји, односно двете министерства.

Притоа во насока на продлабочување и интензивирање на соработката на средбата министрите Јанкулоска и Жнидар разговараа за операционализацијата на повеќе иницијативи во наредниот период пред се нотирајќи ја потребата од изготвување и потпишување на Договор за полициска соработка, потоа околу договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи, соработка во областа на размената и едукацијата на полициски кадри и друго.