Иниеста испрати јасна порака до Лионел Меси

Одличниот играч за врска од редовите на Барселона, Андрес Иниеста испрати јасна порака до тимскиот колега, Лионел Меси, дека ќе направи катастрофална грешка доколку си замине од “Ноу Камп” за време на летниот преоден рок.

“Барселона никогаш нема да има на располагање толку добар фудбалер каков што е Лионел Меси. Сепак и Меси никогаш нема да најде таков клуб каков што е Барселона. Јас се надевам дека мојот тимски соиграч својата богата фудбалска кариера ќе ја заврши на “Ноу Камп”, изјави репрезентативецот на Шпанија.

Англиските медиуми се убедени дека на стартот од летниот преоден рок, раководните лица на најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити ќе испратат официјална понуда за Лионел Меси вредна околу 250 милиони евра.