Иниеста нов играч на јапонски „Висел Кобе“

Андрес Иниеста останува во врска со „Барселона“, бидејќи кариерата ја продолжува во јапонскиот тим „Висел Кобе“, чиј сопственик е компанијата Ракутен, која, пак, е генерален спонзор на шпанскиот гигант.

Иниеста го потврди трансферот на социјалните мрежи како се поздравува со претседателот на Ракутен, Хироши Микитиани.

Шпанецот потпишал тригодишен договор, а неговата официјална промоција се очекува во следните неколку часа.

Андрес Иниеста вечерва се огласи на социјалните мрежи, на Твитер сподели фотографија и напиша: „Патувам во мојот нов дом, со мојот пријател Хироши Микитани“.