Ињесра: Бевме на врвот, а сега сме на дното

Одличниот играч за врска, Андре Ињеста, на најоригинален начин опиШа во каква ситуација била репрезентацијата на Шпанија пред стартот на Мундијалот во Бразил, а во каква е сега после срамната елиминација во групната фаза.
„Бевме горе, највисоко, на врвот. А сега сме на дното, во големата дупка. Само два лоши натпревари беа потребни за нешто такво. Никој од нас не го очекуваше и секако не го посакуваше ова. Но, фудбалот е безмилосен, ако не одиграш добро, тогаш ќе бидеш сурово казнет. А ние не одигравме добро, ниту против Холандија, ниту против Чиле. Тоа ќе ни тежи многу во наредниот период. Не може да истрчате во дресот на својата држава, на мундијал, и да немате мотивација да играте. Може да сте освоиле и сто трофеи, но, на секој нов меч на СП сакате да победите. И ние сигурно сакавме да победиме, и бевме многу мотивирани, но овојпат нешто не ни одеше како што треба. Ќе треба да се направат анализи, каде тоа толку многу погрешивме“, изјави фудбалерот на Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.