Ињеста: 200% сме убедени дека ќе бидеме шампиони

Стандардниот првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Андрес Ињеста додатно ја подгреа атмосферата пред денешниот дерби натпревар против Атлетико Мадрид со изјавата дека сите негови соиграчи се убедени и тоа 200% дека шампионскиот пехар ќе остане на “Ноу Камп”.

“За нас нема друга опција, мораме да го победиме одличниот тим на Атлетико Мадрид. Мораме да ја искористиме и последната шанса која ја добивме. Го играме последниот натпревар во актуелната сезона и со победа ја освојуваме шампионската титула. Играме дома, играме на “Ноу Камп” и играме против лидерот на првенствената табела. Никогаш не сме биле толку тензични пред последниот натпревар во сезоната. Притисокот ќе биде уште поголем како што ќе се доближува стартот на натпреварот, но и прославата ќе биде најголема до сега. Ако одиграме како што треба, ако го наметнеме нашиот стил на игра, тогаш сигурно ќе победиме. Во нашата соблекувална, сите се убедени и тоа 200% дека шампионскиот пехар ќе остане на “Ноу Камп”, изјави Ињеста.