Ињеста ќе и биде верен на Барса до 2018 година

Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Сандо Росел, потврди дека во следните неколку дена, одличниот играч за врска, Андрес Ињеста ќе го потпише новиот договор кој го обврзува да остане на “Ноу Камп” до 2018 година.

„Можам да потврдам дека постигнавме договор со Ињеста и со неговиот агент. Ништо не е потпишано но имаме вербален договор со нашиот фудбалер. Новиот договор, кој има важност до 2018 година најверојатно ќе биде потпишан во понеделник. Многу сме среќни и убеден сум дека ова е голем новогодишен подарок за нашите најверни фанови”, изјави Росел.

Со потпишувањето на новиот договор, одличниот играч за врска си осигура годишна заработувачка од 14 мил. евра и статус на втор најскапо платен фудбалер во дресот на Барселона.