Спорт

Ињеста: Шпанија се уште гладна за успех

Ињеста: Шпанија се уште гладна за успех

Иако во изминатите шест години, двапати се закитија со титулата европски шампион и еднаш со епитетот светски шампион, репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Андрес Ињеста откри дека “црвената фурија” се уште е гладна за успех и дека сака да слави и на престојниот Мундијал во Бразил.

“Дефинитивно сега ќе чекориме по една нова патека, ова е еден нов момент, но нема никаква промена кога е во прашање нашиот став, нашата одлучност за успех и на престојниот Мундијал во Бразил. Сега имаме нова обврска, која додатно не мотивира. Сега Шпанија е бранител на тронот, а јас сум убеден дека и во Бразил, Шпанија ќе одигра многу важна улога. Имаме одличен тим, доволно квалитетен за да го повтори тоа што го направи тимот на Шпанија во 2010 година. Најважно од се е да идеме чекор по чекор”, изјави Ињеста.

Актуелниот бранител на тронот ќе се натпреварува во групата “Б”, каде за противник ги има репрезентациите на Холандија, Чиле и Австралија.