Инкасатор на „Водовод“ нападнат од куче

Инкасатор на ЈП „Водовод и канализација“ бил искасан од куче, вчера во скопското село Радишани, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 10 часот на улицата „46“ во селото.
Додека инкасаторот извршувал работни задачи, односно отчитувал водомер, повеќе пати бил каснат од куче за десната нога. За време на случката бил присутен и сопственикот на кучето, кое било без ланец и заштитна маска.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата информираат дека вчера околу 6 часот А.М. (26) од Скопје пријавила дека на булеварот Климент Охридски во центарот на градот била нападната од кучиња скитници при што била касната за десната нога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.