Иновациите ги делат земјите на успешни и неуспешни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на 15.Кумановски конгерс голем дел од својот говор го посвети на иновациите и претприемачкиот дух, како нешто што ја движи светската економија.

Иновациите се движечки фактор во рамки на светската економија. Речиси 50 проценти на извозот на Израел се заснова на иновации. Тоа е она што го движи светот во моментов.

Во Македонија долго време ова беше табу тема, но полека, но сигурно на некои луѓе им станува јасно дека само со употреба на еден ресурс, оној главниот, мозокот може да се заработат пари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на 15.Кумановски конгрес рече дека токму иновациите ги делат земјите на успешни и неуспешни.

-Ние направивме многу семинари и работилници на оваа темата, претприемништво, бизнис и иновации, ги преведовме најпрестижните и најпопуларните книги на оваа тема од светот, имавме и јавна, сеопфатна медиумска кампања преточена низ телевизиски спотови, тестемонијали за тоа како најбогатите луѓе од светската историја од сиромашни станале најбогати, посочувајки ја тошно нивната иновација, со која најчесто почнале во гаража,  имавме и билборди, принтови, емисии на оваа тема. Потоа, претприемништвто, бизнис и иновации го воведовме како задолжителен предмет во сите 4 години на средно образование и во завршната година на основно образование. А во пониските одделенија на основно образование го вметнавме како дел од помала содржина во други предмети. Конечно, донесовме и стратегија за иновации, која ја работевме со врвни меѓународни експерти, закон за оваа материја, и посебен фонд кој треба по одредени процедури да ги подржува иновациите, да им дава неповратни грантови, да им обезбедува т.н. акцелератори, кои треба да го забрзаат процесот на комерцијализација на иновацијата,  и се што следи со тоа, потенцираше Груевски.

Во соработка со Светската банка, Владата на Република Македонија обезбеди 8 милиони евра за првите три години за фондот за иновации како поддршка на идеите на иноваторите, но за жал овие средства се уште не се целосно искористени.