Магазин

Иновативна компанија доживеа вистински бум на пазарот на телефони во Кина

Иновативна компанија доживеа вистински бум на пазарот на телефони во Кина

На почетокот Xiaomi сметаше дека мобилниот телефон треба да биде уред кој ќе има софтвер, интернет услуги и хардвер, а да не биде едноставен уред. Ова го изјави Леи Џун харизматичната основачка на кинеската компанија Xiaomi, на последната средба со Чио Јанг-хи, министерот за текомуникации на Јужна Кореја, пишува магазинот Економист.

На средбата беше откриена уште една важна новина за Xiaomi. Јужнокорејскиот министер ја посети кинеската компанија што неодамна беше непозната надвор од Кина, со што покажа во колкава мера корејскиот гигант Самсунг е загрижен за она што министерот го нарекува „Xiaomi шок“.

tabela_telefoniii

За подобро да се сфати колкав успех постигнала компанијата откако го лансираше првиот телефон пред четири години, треба да се напомене дека минатата година компанијата продаде 61 милиони уреди и забележа раст од 227 отсто во однос на претходната годината, со што стана шеста по ред компанија за мобилни телефони во светот. Во Кина Xiaomi ги надмина конкурентите во последниот квартал од минатата година со што стана најпродаван бренд на смартфон во земјата. Целта на компанијата е продажбата да надмине 100 милиони уреди.

Компанијата веќе прави напори за да го постигне ова. Минатата година отпочна продажбата на телефони во неколку држави во Јужна Азија, меѓу кои и во Сингапур. Исто така има договор и со Флипкарт, водечката компанија за е-маркетинг на Индија.

На почетокот на годинава исто така, Xiaomi најави дека планира да отпочне со продажба на додатоци (но, не и на телефони) и во САД.