Инспекциска контрола во угостителски објекти во Охрид и Струга

СВР Охрид во координација со Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција изврши контрола во седум угостителски објекти во Охрид и Струга, при што во три угостителски објекти во Охрид се констатирани  неправилности во однос на фискализација, прекршок по Законот за пушење и прекршок согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Исто така поради констатирани неправилности во угостителски објект во Струга,  Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција ќе изготват решение за времено затворање на објектот.