Инспектор кој ја водел истрагата за „Шарли Ебдо“ се самоубил

Елрик Фреду (45), францускиот полициски комесар кој ја водел истрагата за нападот врз редакцијата на „Шарли Ебдо“ во четвртокот е пронајден мртов во неговата канцеларија, пренесуваат француските медиуми.

Локалните медиуми ја пренесуваат оваа информација, повикувајќи се на полициски извори. Според нивните пишувања, Фреду извршил самоубиство. Инцидентот се случил  административна престолнина на регионот Лимузин, Лимож, а локалните, но и светските медими пишуваат за сомнителноста во однос на самоубиството на францускиот комесар.

Непосредно пред да изврши самоубиство, Фреду се сретнал со семејството на една од жртвите на нападот, требало да го подготви извештајот, но во меѓувреме се самоубилПолицијата тврди дека не е позната причината за неговото самоубиство, тврдејќи дека Фреду бил во депресија.