Крими хроника

Инспектор се бори за животот по инцидент на Железничката станица Табановце

Инспектор се бори за животот по инцидент на Железничката станица Табановце

На Граничниот премин Железничка станица Табановце инспекторот по животна средина се здобил се тешки телесни повреди при струен удар, по што е хоспитализрина на КАРИЛ во скопскиот Кличнички центар, а неговата ситуеција е критична, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила во петокот околу 16 часот, кога 43-годишниот инспектор Б.З. од селото Слупчане во општина Липково, вршел преглед на товарен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, однсно композиција од 15 вагони.

Инспекторот се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден момент најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја.

Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Медицински центар Куманово, од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексто клиники „Мајка тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.