Инспектори конечно ќе влезат во Дума

Инспекторите за хемиско оружје во Сирија ќе можат да го посетат местото на наводниот хемиски напад што се случи во средата, соопшти Русија.

Интернационалниот тим е во земјата од саботата, но не му беше дозволено да ја посети Дума.

Нападот на 7-ми април поттикна воени напади врз целите на сириската влада од страна на САД, Велика Британија и Франција една недела подоцна.

Сирија и сојузникот Русија, негираа хемиски напад.

Во вторникот, сириските медиуми соопштија дека воздушната одбрана за земјата реагирала на ракетниот напад врз западниот град Хомс. Ракетите беа насочени кон водухопловната база Шајрат, објавија медиумите, без да кажат кој е одговорен за тоа.

Друг извештај од про-иранската милициа Хезболах, соопшти дека сириската воздушна одбрана пресретнала три проектили насочени кон воениот аеродром во Думер, североисточно од главниот град  Дамаск.

Портпаролот на Пентагон изјави за Ројтерс дека „во тоа време во таа област нема американска воена активност.“