Магазин

Инстант лозот Подарок донесе роденденска добивка од 5.000 денари

Инстант лозот Подарок донесе роденденска добивка од 5.000 денари

Доколу немате идеја за убаво изненадување за денот на љубовта и празникот на виното, Државна лотарија на Македонија ви нуди одлична прилика да ги решите своите дилеми со нашиот избор, Инстант лозот  Валентински Подарок. Токму оваа специјална едиција на Инстант лозот Подарок за 14 февруари е вистински погодок. Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите.

Во просториите на Државна лотарија на Македонија  дојде едно ведро момче од Скопје. Тој донесе добитен лоз ПОДАРОК со добивка вредна 5.000 денари. Интересно е тоа што вчера во чест на неговиот 29-ти роденден, ги собрал своите дургари да ги почести, а тие му подариле неколку различни видови  инстант лоза. Роденденската прослава ја збогатиле со возбудата и забавата со гребење на лозовите и токму Инстант лозот ПОДАРОК му донел родендески 5000 денари.

Покрај овој среќен добитник,  на огромно задовлство на овој прекрасен ден, ве запознаваме со уште една среќна добитничка на овој Инстант лозот Подарок која стаса до добивка од 60.000 денари. Нејзиниот инстант среќен лоз е купен во Скопје во продажното место ММ МАР МАР, кај Зелен Пазар. Во овој случај, станува збор за  ќерка и мајка. Тие купиле инстанти и се договориле да ја делат евентуалната добивка. Повеќе среќа имала мајката, Соња Цветаноска од Скопје.

Само за потсетување Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод.  Токму оваа специјална едиција на Инстант лозот Податок за 14 февруари е вистински погодок. Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите.