сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 9

Институт „Павел Шатев“: Граѓаните се против одложување на изборите

Граѓаните на Република Македонија сметаат дека изборите не треба да се одложат и истите треба да се одржат на 24-ти април, како што е предвидено во договорот од Пржино.

pavelsatev

Поврзани вести

Граѓаните на Република Македонија сметаат дека изборите не треба да се одложат и истите треба да се одржат на 24-ти април, како што е предвидено во договорот од Пржино.

Според анкетата на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во изминативе три дена, 73.7 отсто од испитаниците велат дека изборите не треба да се одложат, а 15 отсто рекле дека изборите не треба да се одржат на 24-ти април.

pavel-satev-izbori-640x221

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе посветена на исполнување на договорот од Пржино. Според оваа анкета, 55,7 проценти од испитаниците одговориле дека владејачката партија повеќе е посветена на исполнување на обврските и одржување на изборите. Дека СДСМ е посветена на овие работи сметаат 24,8 отсто од испитаниците.

pavel-satev-partii-640x351

Најголемиот дел од граѓаните повеќе веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на оние од СДСМ, покажа анкетата на „Павел Шатев“.

Голема е и разликата во довербата која граѓаните ја имаат за водење на економијата. Од испитаните граѓани 64,1 отсто на овие теми повеќе му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, а само 19,9 на СДСМ.

pavel-satev-anketaa-640x563

Во периодот помеѓу 10 и 13 јануари 2016 година Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1025 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за тоа која од двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, подобро би се справила со одредени политички предизвици, ставот за предвремените избори во април 2016 и изборот на иден премиер на РМ.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол,  возраст, но беше направена и поделба според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Анкетата е направена врз основа на репрезентативен примерок на гласачите на македонските партии.

Најчитани вести