Македонија

Институтот на кардиналите близок до Ватикан со јасна поддршка за Македонија во борбата против Сорос

Институтот на кардиналите близок до Ватикан со јасна поддршка за Македонија во борбата против Сорос

Овој институт е близок до Ватикан и до врвот на Католичката црква, а почесен претседател е Кардинал Ренато Раффаеле Мартино, поранешен претседател на Советот на Папата за правда и мир, како и претставник на Ватикан во Обединетите нации.

Во текстот кој е објавен се вели дека Македонија покрај тоа што е ослободена од оковите на југословенкиот социјалистички режим во далечната 1991-та година, надворешното влијание продолжува да ја мачи земјата. Упадот на територијата на Македонија доаѓа од страна на Фондацијата Отворено општество позната уште повеќе како Сорос, која министерот за надворешни работи Никола Попоски ја отфри и оваа организација рече дека е неприфатлива и претставува дестабилизација на земјата.

Фондацијата основана од страна на Џорџ Сорос во Македонија има испумпано милиони долари за промовирање на културните левичарски програми и иницијативи. Ова се однесува на платформа за граѓаните кои имаат левичарска ориентирана политика, новинари за човекови права и центарот за поддршка на ЛГБТ, активистите во овие организации имаат дури и на протести носено маици со слоганот „Сорос армија“, вели Никола Груевски.

Во текстот се пренесува и изјавата на Цветин Чилиманов кој е ко-основач на организацијата „Стоп операција Сорос“ кој вели дека: Соросовата армија веќе ја има уништено канцеларијата на претседателот на Република Македонија и имаат нападнато голем број на јавни институции како што се Министерството за правда, а во неколку наврати и се имаат судрено со полицијата што доведе до десетици полицајци да бидат повредени. Овие протести беа финансирани од Отвореното општество Македонија и УСАИД.

Во текстот се пренесуваат и изјавите на седумте американски конгресмени предводени од Крис Смит кои бараат истрага и ревизија од страна на канцеларија за одговорност на Владата на САД за шест сенатори предводени од Мајк Ли кои се обвинети за финансирање на проекти и давање на американска помош преку американската амбасада во Скопје, а директо од фондацијата Сорос.

Сенаторот Ли изјави: Добив веродостојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години, мисијата на САД во Македонија активно интервенирала во политиката во Македонија, како и контрола на медиумите во земјата и често фаворизирање на едно политичко убедување во однос на друго.

Со новата администрација во Белата куќа внимателно ќе биде следена ситуацијата во Скопје и тие се надеваат дека нема да има несакани мешања од амбасадорот Џес Бејли во внатрешните работи на Република Македонија.

Во текстот се пишува и дека освен во Македонија, со слични пречки во внатрешното политичко  уредување се соочуваат и Унгарија и Албанија каде што американските даночни обврзници треба да знаат само колку милиони долари завршиле од страна на Сорос во финансирање на граѓански проекти во овие земји.

Претседател на советодавниот комитет на институтот е кардиналот Рејмонд Бурке, а во советодавното тело се уште 12 кардинали. Меѓу нив се: Кардиналот Францис Аринзе, кој го наследи Папата Бенедик 16-ти во неговата бискупискупија откако стана Папа. Кардиналот Валтер Брандмилер е претседател на Папскиот комитет за историски науки, Кардиналот Доминик Мамберти е шеф на врховниот трибунал на администрацијата на Ватикан. Кардиналот Францеско Монтериси беше дел од кардиналите електори кои го избраа актуелниот Папа Франциско, а претходно беше секретар во изборот на Папата Бенедикт 16-ти. Кардиналот Марху О’Корнер е поранешен шеф на бискупите на Англија и Велс, кардиналот Едвин O’Бриен беше шеф на католичките свештеници во армијата на САД во која има 1,5 милиони католици. Како и кардиналот Андџело Скола, кој е главен бискуп на Милано.

4