Институтот за бугарски јазик најави промени на македонските учебници по ратификацијата на договорот меѓу Заев и Борисов

Само по два месеца откако Зоран Заев и СДСМ ја преземаа власта во Република Македонија, беше потпишан штетниот договор со Бугарија, со кој Македонија се согласи на продажба на националните интереси и пишување на својата историја од бугарска страна.

Најавено е формирање на заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни.

Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

Ова значи дека спорните за Бугарија работи од македонската историја ќе бидат отстранети од учебниците, што значи дека учениците нема да имаат можност да учат за националните херои на Македонија, како што се Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански, Питу Гули… кои се спорни за бугарската страна.

Владата на СДСМ потпиша договор со кој ќе мора да се сложиме со многу условувања од бугарска страна.

Ана Кочева од Институтот за Бугарски јазик при Бугарската академија на науките, смета дека македонскиот јазик има бугарска историја и деструктуирана книжевна форма од истиот.

На прашање на новинарот ако во учебниците по историја, во средно школо, по факултетите, пишува дека македонскиот јазик е деструктуирана форма на бугарскиот јазик, дали тоа нема да е грешка, таа вели дека се разбира, дека нема да е никаква грешка.

Вели дека е прашање на време кога тоа ќе го пишува во учебниците во Македонија.

„Прашање на време е, тоа е прашање на време, а тие луѓе треба да сфатат дека тоа нема на никој начин да ја загрози нивната сувереност. Бугарскиот се зборува во Бугарија и во Македонија, вели Кочева

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.