Институтот за трансфузија има доволни количини крв

Директорката на Институтот за трансфузиона медицина, Емилија Велкова информира дека располагаат со доволни количини крв и крвни компоненти за задоволување на потребите на јавното и приватното здравство.

– Информациите што се проширија на социјалните мрежи се тотална невистина. Ние пред два дена на крводарителската акција по повод роденденот на Тоше Проески зедовме 517 единици крв за што сме многу благодарни, изјави Велкова.

Таа апелираше до граѓаните да не даваат лажни апели се додека не се консултираат во Институтот.

– Имаме многу крв и навистина е ова непотребна збрка на социјалните мрежи. Проблем е, ни ги собира сега крводарителите со нулта негативни и по два месеци нема да имаме ниеден, а сега не ни треба. Детето за кое станува збор лежи 10 дена и ние сме тотално организирани околу тоа дете и се е договорено меѓу установите, изјави Велкова.