Инсулинска аптека за околу 3.000 лица во Драчево

Инсулинска аптека која ќе опслужува околу 3.000 лица ќе биде отворена во наредните десетина дена во населбата Драчево.

За ова информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров, кој заедно со премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беа во посета на скопската општина Кисела Вода.

Аптеката ќе  опслужува околу 3 илјади лица кои во моментот  поради ова патуваат во други здравствени установи.

На средбата со граѓаните од оваа населба министерот Тодоров ги информираше за повеќето активности кои се преземени во Поликлиниката Драчево, како и за идните планови кои се во насока на подобрување на функционалноста на Поликлиниката.