Магазин

Интел ги проширува можностите за развивачите, како што компјутерите се прошируваат во сите аспекти на живеење

Интел ги проширува можностите за развивачите, како што компјутерите се прошируваат во сите аспекти на живеење
Интел ги проширува можностите за развивачите, како што компјутерите се прошируваат во сите аспекти на живеење

На воведното обраќање на „Intel Developer Forum“ (IDF), извршниот директор Брајан Крзанич истакна нови производи, алатки и програми за поддршка на се поголемата персонализација на компјутери и опиша трендови и создавање на нови можности за програмерите низ премногу широките технологии.

Компјутерите се на нашите бироа, во нашите торби, во нашите алишта, во нашите домови и на нашите тела. Тие не се само попаметни и поврзани, тие добиваат сетила и стануваат наш продолжеток, посочи Кранич.

Екосистемот што се појавува околу Интел се справува со овие растечки можности за компјутерите. Крзанич истакна многу од основните производи, технологии и алатки од компанијата која ќе им помогне на програмерите диференцирани искуства.

Тој претстави голем број на надградби на Intel® RealSense™ технологијата која ќе донесе длабочина на набљудување на повеќе уреди и апликации, најави нови соработки за сигурност во Internet of Things (IoT),во прилог на програми и алатки за програмери за креирање на индустриски IoT  решенија за пазарот. Дополнително, за високо персонализираниот свет на „wearable“ компјутери, Крзанич изнесе нови информации за Intel® Curie™ модулот и даде преглед на нов компетитивен програм наречен “America’s Greatest Makers,”продуциран од Марк Бурнет, извршниот директор наUnited Artists Media Group*и ќе се појави на водечките канали и станици во сопственост на Turner Broadcasting*.

Секоја година на IDF, Интел ја споделува својата визија за технологија и иновации со програмерите и партнерите кои создаваат производи, инженеринг на системи, продукција на филмови, и сета моќ за „играчките“ кои ни овозможуваат неверојатни искуства. Подолу се клучните најави истакнати на овогодинешниот форум.

IDF 2015преглед на новостите: 

  • Intel RealSense технологијата ќе биде достапна на широк спектар на платформи и отвора повеќе можности за програмерите да создадат нов длабочински хардвер и софтвер. Како ат надополнување Windows* и Android*, развивачите ќе можат да ја користат Intel RealSense технологијата со Mac OS X*, ROS*, Linux*, Scratch*1, Unity*, XSplit*, OBS*, Structure SDK*, OSVR*, Unreal Engine 4* и Google Project Tango*.Исто така, голем број на развивачи, вклучувајќи ги Razer*, XSplit и Savioke*објавија нови платформи, периферни уреди и други решенија базирани на Intel RealSense технологијата.
  • Во соработка со Google*, Интел ја води иновацијата кај мобилни длабочински сензори со комбинирање на Google Project Tango и Intel RealSense технологиите во Android „smartphone developer kit“.Intel RealSense Smartphone developer kit го вклучуваGoogleProject Tango овозможува нови искуства, вклучувајќи навигација во затворени простори и учење на околината, виртуелна реалност, 3-D скенирање и друго. Овој „developer kit“ ќе биде лансиран кај некои Android произведувачи до крајот на оваа година.
  • Интел соработува со Марк Бурнет од United Artists Media Group и Turner Broadcasting за да креира реален натпревар наречен “America’s Greatest Makers”чија премиера ќе биде во првата половина од 2016 и ќе понуди награда од 1 милион долари за конструирање на „wearable“ технологија и уреди за потрошувачи напојувани од Intel Curie модулот.
  • Интел ја претстави Intel® OptaneTMтехнологијата, базирана на револуционерната „3D XPointTM non-volatile“ меморија комбинирана со напредниот системски мемориски контролер од оваа компанија, интерфејс, хардвер и софтвер, за да се постигне целосниот потенцијал кај многу од идните производи. Intel Optane технологијата ќе биде првата што ќе дојде на пазарот од новите високо издржливи, Intel SSD со високи перформанси во почетокот на 2016. Новата класа меморија ќе ги напојува новите линии на Intel DIMM дизајнирани за центрите за податоци од новата генерација.
  • Fossil Group* даде преглед на три производи базирани на Интел технологија, резултат од „wearables“ соработката со Интелнајавена во септември 2014, вклучувајќи поврзанAndroid Wear часовник. Производите ќе бидат достапни во четвртата четвртина од оваа година.
  • Интел најави нова софтверска платформа специјално за Intel Curie модулот, што вклучува се од хардвер, сотвер, апликации итн., за да може да се обезбедат различни искуства со производот.Intel IQ Software Kits ќе ги поддржат наредните верзии од оваа платформа.

Enhanced Privacy Identification (EPID) технологијатана Интел ќе биде имплементирана од водечки произведувачи на сензори и микроконтролери вклучувајќи ги Atmel* и Microchip*за да се обезбеди попаметен и поврзан свет.