Интел и Микрон ја претставија новата 3D NAND технологија

Микрон Технологија, Inc. (NASDAQ: MU) и Интел Корпорацијата ја објавија достапноста на нивната 3D NAND технологија, флеш меморија со најголема густина во светот.

Флеш е технологија за складирање на податоци која се користи кај најлесните лаптопи, најбрзите дата-центри, скоро кај секој мобилен телефон, таблет и портабл уред.

Оваа нова 3D NAND технологија, која беше заеднички развивана од Интел и Микрон, слоевите за чување на податоци ги подредува вертикално со извонредна прецизност за да може да се произведат уреди со трипати поголем капацитет1 од NAND технологијата на конкурентите.

Со ова, се овозможуваат повеќе складирани податоци во помал простор, дополнително донесувајќи пониски цени, помала потрошувачка на електрична енергија, како и високи перформанси за различни уреди за потрошувачите и за компаниите кај кои е најпотребно.

– Посветеноста на Интел на можностите за развивање со Микрон го рефлектира нашиот контиуиран стремеж да понудиме водечки и иновативни технологии за мемории на пазарот, изјави Роб Крук, постар потпретседател и генерален менаџер на Non-Volatile Memory Solutions Group, Intel Corporation.

Тој додава дека големите подобрувања кај густината и цената и овозможуваат на нивната нова иновативна 3D NAND технологија да ги забрза SSD мемориите на компјутерските платформи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.