Интел оствари приход во првиот квартал од 12,8 милијарди долари

Корпорацијата Интел денес објави приход во првиот квартал од 12,8 милијарди долари, тековен приход од 2,6 милијарди долари, нето приход од 2,0 милијарди долари и заработувачка по акција од 41 центи.

Компанијата заработила приближно 4,4 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 750 милиони долари за повторно да купи 21 милиони акции на берзата.

– Приходите од година во година се рамни, со двоцифрен приход кај дата центрите, IoT и мемориите со што се надополнува намалувањето на приходите од бизнис десктоп персоналните компјутери. Овие резултати ја истакнуваат важноста на нашата продолжена стратегија за раст, изјави извршниот директор на Интел, Брајан Крзанич.

Во првиот квартал по однос на деловните единици на компанијата,  „Client Computing Group“ оствари приход од 7,4 милијарди долари, намалување за 16% секвенцијално и намалување за 8 отсто од година во година.

„Data Center Group“ оствари приход од 3,7 милијарди долари, намалување за 10% секвенцијално и зголемување за 19 отсто од година во година.

„Internet of Things Group“ оствари приход од 533 милиони долари, намалување за 10 отсто секвенцијално и зголемување за 11 отсто од година во година.

„Software and Services“ оствари приход од 534 милиони долари, намалување за 4 отсто секвенцијално и намалување за 3 отсто од година во година.

Ако се направи споредба во однос на првиот квартал од годинава и последниот квартал од минатата година, нема промена во остварените приходи, односно тие изнесуваат еднакво 12,8 милијарди долари.

Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции по 14-ти април.

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди.