Интел објавува рекорден годишен приход од 55,4 милијарди долари

Корпорацијата Интел денес објави годишен приход од 55,4 милијарди долари, оперативен приход од 14,0 милијарди долари, нето приход од 11,4 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,33 долари. Компанијата заработила приближно 19,0 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 4,6 милијарди долари и искористила 3 милијарди за повторно да купи 96 милиони акции на берзата.

За четвртиот квартал, Интел објави приход од 14,9 милијарди долари, оперативен приход од 4,3 милијарди долари, нето приход од 3,6 милијарди долари и заработувачка по акција од 74 центи. Компанијата заработила приближно 5,4 милијарди долари готовина од работењето, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 525 милиони долари за повторно да купи 17 милиони акции на берзата.

Нашите резултати за четвртиот квартал означија силен финиш на годината и беа конзистентни со предвидувањата. Нашите резултати за 2015 година ја демонстрираат еволуцијата на Интел и успешноста на нашата стратегија. Оваа година, ќе продолжиме да го стимулираме растот со поддршка на инфраструктурата за креирање на „смарт“ и поврзан свет, изјави генералниот директор на Интел, Брајан Крзанич.

Интел е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори.