Интел со приход од 14.5 милијарди долари во третиот квартал

 

Интел корпорацијата  ги објави приходите во третиот квартал од 14.5 милијарди долари, оперативен приход од 4.2 милијарди долари, нето приход од 3.1 милијарди долари и заработувачка по акција од 64 центи. Компанијата заработила приближно 5.7 милијарди долари во готово од работењето, платени дивиденди од 1.1 милијарди долари, и и искористила 1 милијарда долари за повторно да купи 36 милиони акции на берзата.

“Работевме добро во третата четвртина и успеавме да оствариме солидни резултати во економски предизвикувачката околина”, изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. “Оваа четвртина ја демонстрираше иновацијата на Интел во акција. Потрошувачите се возбудени околу нашата нова шеста генерација на Intel Core процесори, ја претставивме нашата пионерска 3D Xpoint™ технологија, како и првата нова категорија за мемории по повеќе од две декади.“ 

Трендови во клучни бизнис сегменти во третата четвртина

  • Client Computing Group оствари приход од 8.5 милијарди долари, зголемување за 13 проценти секвенциално и намалување за 7 проценти од година во година
  • Data Center Group оствари приход од 4.1 милијарди долари, зголемување за 8 проценти секвенциално и зголемување за 12 проценти од година во година
  • Internet of Things Group оствари приход од 581 милиони долари, зголемување за 4 проценти секвенциално и зголемување за 10 проценти од година во година
  • Software and services оствари приход од 556 милиони долари, зголемување за 4 проценти секвенциално и рамно од година во година

Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции што можат да се извршат по 13-ти октомври.

Q4 2015

  • Приход: 14.8 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.
  • Процент на бруто маржа: 62 проценти, плус или минус неколку процентни поени.
  • Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружување и стекнување (MG&A): приближно 5 милијарди долари.
  • Трошоци за реструктурирање: приближно 25 милиони долари.
  • Амортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 70 милиони долари.
  • Влијание на капитални инвестиции, камати и останато: приближно нула
  • Депрецијација: приближно 1.9 милијарди долари.
  • Даночна стапка: приближно 25 проценти.
  • Капитална потрошувачка за целата година: 7.3 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.

Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 11-ти декември освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 20-ти октомври. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 11-ти декември до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 14-ти јануари. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.