Интензивен, мистериозен и заводлив мирис – Yellow Diamond Intense

Модната куќа Версаче го претстави парфемот Yellow Diamond Intense кој излезе како засилена варијанта на парфемот од 2011 Yellow Diamond.

Versace-Yellow-Diamond-IntenseСтанува збор за свеж, цветен мирис, кој е „ведар и светкав“, „мистериозен и заводлив“. Парфемот е инспириран од светлината на жолтите дијаманти

– Жолтите дијаманти се моја лична пасија и затоа Yellow Diamond Intense е навистина посебен за мене, појаснува Донатела Версаче и додава дека мирисот е ист како светлината која излегува од жолтиот дијамант, брилијантна и светла, мистериозна и секогаш интензивна.

Новата композиција се отвора со свежи медитерански акорди на бергамот, нероли, кедар и шербет од круша. Во срцето има цветови на јасмин и османтус, портокал, фрезија.

Парфемот е достапен во препознатливо шише со капаче во облик на дијамант.

Во кампањата за овој парфем се вклучени истите имиња од кампањата за Yellow Diamond од 2011 та година. Заштитно лице е австралискиот модел Еби Ли Кершо, а фотографиите ги направи Марио Тестино.