сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Интензивирана градбата на пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино

Со асфалтирање и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, на потегот Марино-Кадино продолжува интензивната изградба на пешачко-рекреативната патека во должина од 2.000 метри.

asfalt

Последни вести

Вкупната вредност на проектот е 30 милиони денари, од кои 12 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а преостанатите 18 милиони денари се од Буџетот на општина Илинден.

Општина Илинден информира дека покрај пешачката патека, се гради велосипедска и патека за ролери и скејтборди. Ќе бидат поставени и реквизити за спортување и рекреација, урбана опрема, а ќе се изврши и уредување на зелените површини во должина на патеката. Паралелно со ова ќе биде извршено и осветлување на патеката.

Меѓу пешачката и велосипедската патека изграден е одводен канал за зафаќање на атмосферските води од патеките, а на одредени места изградени се и патеки со широчина од 2 метра, кои овозможуваат врска меѓу пешачката и велосипедската патека.

– Со новата патека која ги поврзува населените места Марино и Кадино, кои бројат повеќе од 10.000 жители, се создаваат нови можности за рекреација, комуникација, заедничко дружење и рекреативен спорт, се вели во соопштението од општина Илинден.

Најчитани вести