Интензивирање на воведувањето ХАЦЦП во угостителските објекти во Македонија

Работилница на тема „Интензивирање на воведувањето ХАЦЦП во угостителските објекти во Република Македонија”, денеска ќе се одржи во Куманово.

Работилницата, 15. по ред, ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување ХАЦЦП во угостителските објекти. Во текот на дискусијата ќе бидат претставени основите на ХАЦЦП контролниот систем за безбедност на храната.