Интензивно се бара стратешки партнер за ЕМО

На повидок е решение за наоѓање на стратешки партнер  за ЕМО,. Ова го истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид.

„Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава, за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се’ што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени“ посочи Груевски.

Груевски од Охрид уште еднаш потсети на новата германска инвестиција во овој град. Тие на почетокот како бринфилд инвестиција ќе вработат 100 луѓе. А, кога ТИРЗ ќе биде готова таму ќе се прошират и ќе отворат работни места за 1.000 лица