Интензивно се чистат коритата на Вардар и Серава

Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2014 година, деновиве,  по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ интензивно  спроведуваат активности за чистење на коритото на реката Вардар и на реката Серава.

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ спроведуваат акција за чистење на коритото на реката Вардар на локација кај Вардариште во Општина Гази Баба. Досега комплетно се исчистени околу 600  должни метри. Од коритото на реката Вардар машински се извадени околу 3 200 кубни метри, наноси на земја, разновиден комунален отпад, градежен шут и вегетација, којашто откако ќе се просуши ќе се натовари и транспортира до локација за одлагање.

Изминативе денови се работеше и на машинско и рачно чистење на коритото на реката Серава на локација од мостот на булеварот Словенија до Римскиот Аквадукт во должина од 720 метри. Од коритото на реката Серава и од околината се исчистени околу 5 000 кубни метри најразновиден комунален отпад, наноси на земја, вегетација  и комунален шут.