Се доградува средното училиштето „Нико Нестор“ во Струга

Во струшкото средно училиште „Нико Нестор“ во тек е реализација на капитална инфраструктурна инвестиција на Министерството за образование и наука, вредна речиси 15 милиони денари, објави заменик- министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил.

-Се работи за доградба на нов, дополнителен објект во состав на постојниот, кој ќе биде со површина од 500 квадратни метри со 6 училници и 4 кабинети. Со изградбата, значително ќе се подобрат условите за следење на наставата од страна на учениците, но ќе се подобрат и условите за работа на наставниците. Активностите ќе бидат заокружени на почетокот на следната година, со што ќе дојдеме до вкупна сума од 150 милиони денари, кои актуелната влада за време на својот мандат ги има инвестирано само за унапредување на образовната инфраструктура во Струга. Тоа само ја потврдува нашата заложба за подеднаков третман на сите општини. Учениците се нашиот приоритет, додаде Ристовски.

uciliste-struga

 

uciliste-struga2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.