петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 40

Интензивно се гради автопатот Охрид – Кичево

Во моментов се пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид - Кичево, се работи на земјените работи со завршени 43 пропусти, а се работи и на десет други.

Интензивно се гради автопатот Охрид – Кичево

Интензивно се гради автопатот Охрид – Кичево

Поврзани вести

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид и во градежните активности што се во тек за изградбата на автопатот Охрид – Кичево во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра. Тој притоа истакна дека градежните активности се одвиваат одлично, согласно утврдената динамика.

– Речиси е пробиена целата траса, еден дел почна да се асфалтира како што може да се види на лице место. Планот е накаде до крајот на следната 2016 година дел од автопатот да биде завршен. Осумнаесет километри веќе да бидат пуштени во употреба додека останатиот дел ќе се заврши во предвидениот рок од четири години, рече тој.

Премиерот забележа дека автопатот Охрид – Кичево е едно од покрупните ветувања за граѓаните во западниот дел на Македонија особено за луѓето што живеат во двата града, на населените места помеѓу нив, но и за туристите кои во летните месеци патуваат кон Охрид и Струга.

– Наскоро планираме да почнеме со уште една делница на автопат, тоа ќе биде во текот на 2016, веројатно некаде средината на 2016 година, а тоа е делницата од Требеништа до Струга, истакна тој и  најави дека најверојатно во исто време ќе отпочне и изградбата на експресниот пат од Охрид до Пештани, сообраќајница што во моментов се проектира и за која се обезбедува потребната документација

Инаку, во моментов се пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид – Кичево, се работи на земјените работи со завршени 43 пропусти, а се работи и на десет други. Моментално се работи на осум потпорни ѕида, од кои еден е целосно завршен, на седум вијадукти и четири мостови, како и на три потпатника и натпатника. Интензивно се градат и тунелите, а се пробиени повеќе од 600 метри од тунелот „Пресека“ што ќе биде долг некаде околу два километри.

На градилиштето во моментов се ангажирани 1.190 работници, со механизација од 661 камииони и машини.

Најчитани вести