Македонија

Интензивно се гради канализациска мрежа во Волково

Интензивно се гради канализациска мрежа во Волково

Деновиве интензивно се работи на поврзување на канализациона мрежа од патот Волково- Орман кон улицата 95 во Волково.

Се очекува да се завршат и преостанатите педесет метри на крак од улицата со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами, велат од општина Ѓорче Петров.

Должината на канализационата мрежа изнесува 560 метри ,а градежните работи ги изведува „Енергомонт“

Сретствата за изградба на канализациската мрежа се обезбедени од буџетот на општината Ѓорче Петров.