„Интер“ дава 15 милиони евра за да го позајми Модриќ на една сезона

Италијанските медиуми објавија вести дека „Интер“ му понудил на „Реал“ 15 милиони евра за да го позајми на една сезона хрватот Лука Модриќ. Како што е наведено, „Интер“ официјално ја објавил понудата, но малку е веројатно дека директорот на „Реал“, Флорентино Перез ќе брза со преговите.

Ако му се верува на италијанскиот весник „Џорнале”, тимот од Милано понудил на „Реал“ 15 милиони евра за Модриќ за сезоната 2018/2019, со можност да го откупат неговиот договор следната година за 25 милиони евра.
Ова е еден начин на кој Италијанците би го избегнале правилото за финансиски фер-плеј,што е веќе очигледно вообичаена практика во Серија А.

Иако Газета Дело Спорт објави дека Модриќ имал устен договор со Перез, според кој би му дозволил да го напушти „Бернабеу“ по барање на иХрватот, веројатноста дека претседателот на „Реал“ е многу мала. Тој деновивве објави дека Модриќ може да го купи тој што ќе плати 750 милиони евра, колку пто е откупната клаузула во неговиот договор.