Интер доби корпа од Бакари Сања

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, познатиот бизнисмен од Индонезија, Ерик Тохир, откри дека ја загубил трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на Арсенал, Бакари Сања и истовремено ја негираше пласираната информација дека е во контакт со заменик-капитенот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.

“Имам нова информација околу иднината на Бакари Сања. Можам да потврдам дека офанзивниот бек реши да остане во англиската Премиер лига, но не знам дали во редовите на Арсенал или пак ќе игра за некој друг клуб. Интер има потреба од нов десен бек, мора да најдеме квалитетно засилување за таа позиција. Што се однесува до пласираната информација за можниот трансфер на Патрис Евра, можам да кажам дека до сега не сум остварил контакт ниту со Евра, ниту со неговиот агент”, изјави Тохир.